НАШАТА ЈАСНА АПОСТОЛСКИ НИКОЛОВ Е МЕЃУНАРОДЕН КОНСУЛТАНТ ЗА ДОЕЊЕ Наместо да се откажете и да кажете „немам млеко“, побарајте помош!
Јасна Апостолски Николов е една од околу 32 000 сертифицирани консултанти за доење во светот. Таа смета дека, иако доењето е нормален физиолошки процес, секоја доилка на почетокот се соочува со предизвици и има потреба од стручна помош. Наместо едноставно да се откажеме и да речеме „немам млеко“, треба да побараме стручна помош, вели нашата соговорничка
IBCLC е акроним кој значи Меѓународен сертифициран консултант за доење и претставува највисок степен на специјализирана едукација во полето на лактацијата.
Организацијата која ја спроведува оваа едукација е основана во 1985 година и нејзината мисија е унапредување на професионалната пракса на полето на лактацијата преку акредитација на консултанти за доење.
Станува збор за специјализација која постојано се надоградува преку едукации, обуки, семинари и на секои 5 години повторно мора да се обновува сертификатот кој овозможува да се работи како консултант за доење во здравствена установа или приватна пракса (во оние земји во светот каде е ова признаено како професија).
Нашата соговорничка Јасна Апостолски Николов е една од околу 32 000 (IBCLC/International Board Certified Lactation Consultant) консултанти за доење во светот.
Целиот текст со информации за доењето и лактацијата, но и со информации каде можете да најдете млеко за своето бебе доколку самите сѐ уште не можете да го доите (иако кај нас не постои банка за мајчино млеко), ќе го најдете на „Мајка и дете“.