„БИЛЕ УШТЕ ПОВЕЛИЧЕСТВЕНИ ОД МАИТЕ“ Древен град на непозната цивилизација откриен во Амазонската џунгла

Ова ја менува досегашната историја на Амазон. Уште во 1970-тите археолозите се сомневаа дека постои град. Сега скенерите го покажаа тоа. Се работи за областа Упано која лежи до вулкан и има плодно земјиште. Дали вулканот направил оваа загадочна цивилизација да исчезне?

1,399

Патеки, патишта и канали кои поврзуваат платформи се поронајдени на огромна површина од 300 квадратни километри во шумите во Амазон во државата Еквадор –  а, ова може да значи дека тука имало непозната цивилизација, дури повеличествена од онаа на Маите, пишува Би-Би-Си.

– Замислете дека сте откриле друга цивилизација како Маите, но со сосема поинаква архитектура, користење на земјиштето, керамика – вели Хозе Ириарте, професор по археологија на Универзитетот во Ексетер, кој го коментира истражувањето.






Ова ја менува досегашната историја на Амазон. Уште во 1970-тите археолозите се сомневаа дека постои град. Сега скенерите го покажаа тоа. Се работи за областа Упано која лежи до вулкан и има плодно земјиште. Дали вулканот направил оваа загадочна цивилизација да исчезне?

Додека знаевме за градови во висорамнините на Јужна Америка, како Мачу Пикчу во Перу, се веруваше дека луѓето живеат само номадски или во мали населби во Амазон.

– Ова е постаро од која било друга локација што ја знаеме во Амазон. Имаме евроцентрично гледиште за цивилизацијата, но ова покажува дека треба да ја промениме нашата идеја за тоа што е култура и цивилизација – вели професорот Стивен Ростајн, директор за истражување во Националниот центар за научни истражувања во Франција, кој го предводеше истражувањето.

– Тоа го менува начинот на кој ги гледаме амазонските култури. Повеќето луѓе замислуваат мали групи, веројатно голи, кои живеат во колиби и расчистуваат земја – ова покажува дека античките луѓе живееле во комплицирани урбани општества – вели коавторот на студијата Антоан Дорисон.

Градот бил изграден пред околу 2.500 години, а луѓето живееле таму до 1.000 години, според археолозите. Тешко е точно да се процени колку луѓе живееле таму во секое време, но научниците велат дека тоа е сигурно во 10.000-тите, ако не и 100.000-тите.

Археолозите ги комбинираа копнените ископувања со скенирања од ласерски сензори летани на авион. Со технологијата ЛиДАР пронајдени се 6.000 правоаголни плафторми со димензии од околу 20 на 10 метри, а високи 2-3 метри. Дали тоа се куќите во кои овие луѓе живееле?

Објектите се наредени во групи од три до шест единици околу плоштадот со централна платформа.

Научниците веруваат дека многумина од нив биле домови, но некои биле за церемонијални цели. Еден комплекс, во Киламопе, вклучуваше платформа од 140 метри на 40 метри. За да бидат изградени куќите оваа цивилизација прво ја засекла земјата од  ридовите и создала платформа од земја одозгора.

Вкупната патна мрежа пронајдена во древниот град е долга околу 25 километри. Д-р Дорисон рече дека овие патишта се највпечатливиот дел од истражувањето.

– Патната мрежа е многу софистицирана. Се протега на огромно растојание, сè е поврзано. И има прави агли, што е многу импресивно – вели тој, објаснувајќи дека е многу потешко да се изгради прав пат отколку што се вклопува во пејзажот.

Тој верува дека некои од објектите имале „многу моќно значење“, можеби поврзано со некоја церемонија или верување.

Научниците, исто така, идентификуваа насипи со ровови од двете страни, за кои веруваат дека биле канали кои помогнале да се управува со изобилната вода во регионот. Некои од каналите биле блокирани што може да значи дека цивилизацијата имала закани од други луѓе или народи.

Некои од градбите кои можат да се насетат во зелениот пејзаж се октогонални и правоаголни, нешто што е уникатно за Јужна Америка.

Не се знае многу за луѓето кои живееле таму и какви биле нивните општества. На платформите се пронајдени јами и огништа, како и тегли, камења за мелење растенија и изгорени семиња. Народот Киламопе и Упано кои живеат таму веројатно најмногу се фокусирале на земјоделството. Луѓето јаделе пченка и сладок компир, а веројатно пиеле и „чича“, еден вид слатко пиво.

Следниот чекор за истражувачите е да разберат што се наоѓа во соседната област, која исто така се протега на 300 квадратни километри.

 

Поврзани содржини