ТУРИСТИТЕ ЈА НАРУШУВААТ МОЛИТВАТА Турција воведува нови правила за влез во Аја Софија

Од 15 јануари влезот во Аја Софија која пред 4 години од музеј беше претворена во џамија, ќе биде ограничен и посетителите ќе мора да купат билети.

308

Од 15 јануари стапуваат на сила новите правила за влез во туристичката атракција Аја Софија во Истанбул. Турските власти одлучија бројот на посетители да биде ограничен и тие мора да купат билети.

Во 2020 година турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја претвори Аја Софија од музеј во џамија, а влезот беше бесплатен.






Ердоган тогаш нагласи дека никому нема да се наплаќа влезница, но одлуката сега се менува. Од 15 јануари влезот во Света Софија ќе биде ограничен и посетителите ќе мора да купат билети.
Турскиот министер за туризам се надева дека промената ќе доведе до подобар соживот меѓу религиозните посетители и туристите, имајќи предвид дека многумина се пожалија дека туристите прават врева и ја нарушуваат молитвата.

Поврзани содржини