БОРБА ПРОТИВ ХЕМОРОИДИТЕ Кои намирници се пожелни, а кои е подобро да се избегнуваат?

Одредена исхрана може да ги ублажи непријатните симптоми на хемороидите или дури да го спречи нивното појавување. Лекарите обично препорачуваат храна богата со влакна и многу течности

445

Според истражувањата, проблемите со хемороидите измачуваат меѓу 20 и 50 отсто од светската популација, но и покрај тоа, за оваа болест сè уште многу малку се зборува. Истражувањата покажаа дека речиси секој втор човек на возраст над 30 години ќе има проблем со хемороиди барем еднаш во животот, но луѓето обично го игнорираат овој проблем поради срам и непријатност.
Хемороидите се всушност вени кои се наоѓаат на крајот од завршниот дел на дебелото црево и се важни за регулирање и празнење на цревата, а проблемот настанува кога ќе почнат да отекуваат или да се зголемуваат.

Тие можат да бидат надворешни или внатрешни, а некои од најчестите симптоми кои се јавуваат кај хемороидите се чешање или иритација во пределот на анусот, болка, оток околу анусот, крварење итн. Тие се главно безопасни и често се резултат на седечки начин на живот, недостаток на движење и лоша исхрана.






Прочитајте повеќе на „Арт кујна“.

Поврзани содржини