ПОПЛАДНЕ МАГЛАТА ЌЕ СЕ КРЕНЕ Од утре почнуваат дождови
Минималните утрински температури ќе се движат од – 3 во Берово до 3 степени во Дојран, а максималните дневни од 6 на Попова Шапка до 15 во Дојран.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По котлините ќе има магла, која во текот на денот ќе се намалува. Во ноќните часови облачноста ќе се зголеми, а по котлините ќе биде магливо.
Во Скопје претпладне ќе има појава на магла, која околу пладне ќе се намали. Во текот на ноќта ќе има значителна ниска облачност и појава на магла, соопшти УХМР.
Минималните утрински температури ќе се движат од – 3 во Берово до 3 степени во Дојран, а максималните дневни од 6 на Попова Шапка до 15 во Дојран.
Утре нè очекува променливо облачно време, претпладне со локални врнежи од дожд, претежно во западните и северните делови.