📷 ПРИВЕДЕН ВНУКОТ НА АЛИ АХМЕТИ Контроверзниот газда на Соравија имал полн автомобил со пиротехника
Приведувањето го реализирале припадници на специјалната полициска единица Тигар затоа што во автомобил марка „ренџ ровер“ со албански регистерски таблички било пронајдено поголемо количество петарди.
Вечерва во центарот на Скопје уапсен е Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети. Според првичните информации, Ахмети бил фатен со поголема количина на пиротехнички средства пред полициската станица во Центар.
Приведувањето го реализирале припадници на специјалната полициска единица Тигар затоа што во автомобил марка „ренџ ровер“ било пронајдено поголемо количество петарди.
„Денеска (30.12.2023) во 19.50 часот на ул.„Самуилова“ во Скопје полициски службеници запреле патничко моторно возило „ренџ ровер“ со албански регистерски таблички, управувано од Д.А. (25) од с.Зајас-Кичево и при преглед на возилото се пронајдени пиротехнички средства. Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“ – информираа од МВР.
Внук на Али Ахмети е познат во јавноста и како нов сопственик на трговскиот центар „Соравија“ во центарот на Скопје.