🎥 ЛЕДЕНАТА БЕТИКА ГО СКРШИ МРАЗОТ НА ПЕЛИСТЕР Зимско капење во смрзнатото Ротинско Езеро

Котовчевска која влегува во вода и на -34 степени, лани објави видео како се капе во ледена вода во Лапонија, а годинава покажа дека и кај нас има студени води за зимска атракција објавувајќи видео од леденото капење на Пелистер.

877

Нутриционистката Бети Котовчевска позната како Бетика или ледената Македонка, затоа што ужива да се бања во ледени води, го скрши мразот и на Пелистер и влезе во водите на смрзнатото Ротинско Езеро. На видеото што го објави на социјалните мрежи се гледа како со секира го крши мразот на површината на езерото и се капе во ледената вода.

Котовчевска која влегува во вода и на -34 степени, лани објави видео како се капе во ледена вода во Лапонија, а годинава покажа дека и кај нас има студени води за зимска атракција.






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Betika ✨ (@_betika_)

Таа викендов објави кратко видео на кое се капе во Ротинското Езеро, кое се наоѓа во близина на битолското село Ротино, во националниот парк „Пелистер“.

„За првпат во Македонија искусувам вода од 1 степен Целзиусов“ – напиша Бетика во објавата на Инстаграм која привлече големо внимание.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Betika ✨ (@_betika_)

Поврзани содржини