🎥 ТАТКОТО НА ВАЊА ИМ НАПРАВИ „ЛАЈК“ СО ПАЛЦИТЕ НА НОВИНАРИТЕ Обвинителството бара 48-часовен притвор
Обвинителството го сомничи како соучесник во случајот каде е убиена неговата ќерка, па побарано е да му се одреди 48-часовен притвор за да не избега или попречува на истрагата.
Александар Ѓорчевски, татко на киднапираната и убиена Вања Ѓорчевска, вечерва е донесен во Кривичниот суд, објави порталот Скопје1.
Обвинителството го сомничи како соучесник во случајот каде е убиена неговата ќерка, па побарано е да му се одреди 48-часовен притвор за да не избега или попречува на истрагата.
Таткото е донесен во судот откако еден ден помина во полициска станица и во Обвинителството на распит.
Камерата на Скопје1 го долови моментот кога Ѓорчевски, со лисици на рацете, ги здогледа новинарите пред Кривичниот суд и им направи „лајк“ со двата палци.
Утринава Обвинителството и МВР кажаа дека тој негирал поврзаност, но дека тие поседуваат докази кој го покажуваат спротивното.