ЕКИПИТЕ НА ЕВН ЦЕЛА НОЌ ОТСТРАНУВАЛЕ ДЕФЕКТИ „Се вложуваат енормни напори во екстремни услови“

ЕВН воедно вложува енормни напори да се отстранат и дефектите кои се појавија во непристапни места, каде што екипите на Електродистрибуција физички не може да стигнат поради лошите теренски услови, велат од компанијата.

400

Екипите на Електродистрибуција од цела Македонија ја поминаа ноќта на терен санирајќи дефекти во многу лоши теренски и временски услови, соопшти компанијата велејќи дека „тие сè уште работат на отстранување на вчерашните и новонастанатите дефекти од утринава“.

„Оваа кризна состојба налага соодветна реакција од нашата компанија и затоа во вакви услови се користат апсолутно сите мобилни екипи на располагање.
ЕВН воедно вложува енормни напори да се отстранат и дефектите кои се појавија во непристапни места, каде што екипите на Електродистрибуција физички не може да стигнат поради лошите теренски услови“, велкат од ЕВН и додаваат:






„Обилните врнежи од снег предизвикаа голем број дефекти на среднонапонска и нисконапонска мрежа. Жители од повеќе населени места останаа без снабдување со електрична енергија“.

 

Поврзани содржини