ПАЦИЕНТИТЕ ВРЕСКААТ ОД ЖЕД Нема вода и кислород во болницата во Газа, најдени два заложника

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант објави дека израелската армија воспоставила контрола врз западниот дел на градот Газа и дека „почнала следната фаза“ на војната не прецизирајќи како таа ќе изгледа.

1,397

Пациентите „врескаат од жед“, а во установата нема кислород и вода, вели за директорот на главната болница во Појасот Газа во која упаднаа израелските војници. Мухамед Абу Салмија изјавил дека условите се „трагични“ во Ал-Шифа, каде има повеќе од 650 пациенти, 500 медицински персонал и 5.000 раселени лица, јавува Би-Би-Си.

Toj раскажал дека израелските тенкови и дронови веќе втор ден кружат околу болницата, додека трае истрагата. Израелската армија бара тунели на милитантната група Хамас и битна опрема.






Најдена 19-годишната жена војник

Најдени се телата на два заложника. Едно е телото на 19-годишна жена војник од Израел, Ноа Марчијано, кое беше вратено во Израел кадешто ќе биде испитано за да се потврди идентитетот. Другото е на Јехудит Вајс. Се смета дека Хамас држи околу 240 заложници кои ги зема во нападот врз Израел на 7 октомври.

„Ова е нова фаза“

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант објави дека израелската армија воспоставила контрола врз западниот дел на градот Газа и дека „почнала следната фаза“ на војната не прецизирајќи како таа ќе изгледа.

Тој само рече дека „вооружените сили продолжуваат со прецизност и одлучност“.

 

Пукаат секаде, во сите правци

Израелската армија соопшти дека нејзината операција против Хамас се одвива на „дискретен, методичен и темелен начин“. Меѓутоа, новинарот заробен во болницата, Кадер, телефонски му рекол на Ружди Абу Алуф на Би-Би-Си дека израелските трупи се „секаде и пукаат во сите правци“.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска призна дека „Израел не успеал да ги намали цивилните жртви во Газа“.

Поврзани содржини