САМО СРБИН ВО ВИЕНА МОЖЕ ДА ИМА ПОГОЛЕМ ГРОБ ОД БЕТОВЕН „Големиот“ човек Тија
Ако се суди според величината и помпезноста наговиот надгробен споменик, покојниот Тија, извесен Милан Мијаиловиќ, е поголем и од Бетовен. А двајцата се комшии на гробиштата во Виена...
На парцелата 32 на гробиштата во Виена, се наоѓа гробот на големиот Лудвиг ван Бетовен.
Но, на неколку метри до него почива големиот Тија од Србија.
Ако се суди според величината и помпезноста, покојниот Тија, извесен Милан Мијаиловиќ, е поголем и од Бетовен.
Тија си изградил гроб по кој сигурно ќе остане запаметен, но не само поради статуите на Богородица и по ангелите, по поплочениот пат и по саксиите со цвеќиња, како и по коњите лево и десно од столбовите. Ќе остане запаметен по тоа што неговиот гроб е речиси двојно поголем од споменикот посветен на Бетовен.
Милан Мијаиловиќ починал во 2022 година. Ако се суди по изрезбаниот портрет на покојникот, на кој тој весело наздравува со чаша и со насмевка на лицето, се чини дека Милан бил весељак. А и не бил скромен – на централното место на споменикот е фотографијата на парот Мијаиловиќ и зборовите „Тија, голем човек“.
Неговата сопруга Драгана, родена во 1949 година, е жива и редовно доаѓа овде да го чисти споменикот. Има работа…
View this post on Instagram