📽 (ОБНОВЕНО) НОЌНА БРКОТНИЦА ПО МИГРАНТИ СРЕДЕ ВЕЛЕС Се преврте комбето на криумчарите
Засега не е познат бројот на мигрантите кои се превезувале во возилото ниту дали има повредени лица.
Полицијата бркаше мигранти низ Велес откако комбето во кое се превезуваа се преврти сред градот. „Прес24“ објави и видео од хаосот кој се случуваше вчеравечер.
Комбето, преполно со мигранти, бегајќи од полицијата тргнало во спротивен правец на на улицата 8 Септември, една од главните улици во Велес, и во еден момент пропаднало во ископан канал.
Настанот се случи доцна синоќа на раскопаната улица помеѓу велешкиот Суд и хотелот „Интернационал“. Комбето бегало од полицијата и тргнало во спротивен правец, од кружниот тек кон Поштата, но најверојатно, возачот не знаел дека улицата се реконструира, па паднал во каналот.
Возачот и совозачот се фатени и приведени, а македонската полиција заедно со припадниците на ЕУЛЕКС го следеле комбето уште од македонско-грчката граница.
Во сообраќајната несреќа повредени се 11-годишно дете и неговиот татко, кои биле во комбето. Засега не е познат бројот на мигрантите кои се превезувале во возилото.
Увидот на МВР заврши доцна синоќа и во текот на денот се очекува да бидат соопштени детали за инцидентот.