📽 ИРАН ВЕЖБА ЗА ВОЈНА Маневрите треба да ја подготват армијата за закани

Учествуваат и повеќе од 200 транспортни и јуришни хеликоптери, а вежбата ќе трае два дена и ќе се одржи во областа Насрабад во Исфахан. Поддршка за копнените единици, наводно, ќе обезбедуваат и придружни единици на воздухопловните сили. Вежбата беше најавена на иранската телевизија, а ја потврди Ројтерс.

452

Копнените сили на иранската армија започнаа дводневна голема воена вежба во провинцијата Исфахан. Според иранската официјална новинска агенција ИРНА, во вежбата на копнените сили наречена „Моќ 1402“ учествуваат ракетни, артилериски, воздушни, пешадиски, оклопни, електронски и модерни борбени единици, пренесува Анадолија.

Вежбите, кои беа планирани претходно, имаат за цел „соочување со можните закани“ со кои се соочува Исламската Република, изјави за иранската телевизија портпаролот бригаден генерал Амир Чешак. Тој не даде детали.






Тој рече дека војниците и воената опрема биле префрлени од седум ирански провинции за вежбите во Наср Абад во централната провинција Исфахан, јави Ројтерс.

Наводни снимки од вежбите прошетаа и на социјалната мрежа Икс.

 

Учествуваат и повеќе од 200 транспортни и јуришни хеликоптери, а вежбата ќе трае два дена и ќе се одржи во областа Насрабад во Исфахан. Поддршка за копнените единици, наводно, ќе обезбедуваат и придружни единици на воздухопловните сили.

Вежбата ќе ги оценува борбените и одбранбените способности на копнените сили од можни закани.

Вежбите доаѓаат во сенка на војната во Појасот Газа, кој израелските сили немилосрдно го гранатираат од 7 октомври, кога вооружената група Хамас започна напад врз Израел.

Од почетокот на одмаздата против Газа, Иран постојано се заканува со директно вклучување во војната.

Поврзани содржини