📽 ПОЖАР КАЈ МАКЕДОНСКИ БРОД Хеликоптерот на МВР исфрли над 10 тони вода врз пожарот кај Белица

По интервенцијата, локализиране е еден крак од пожарот што зафати борова и нискостеблеста шума.

126

Одделот за воздухопловни единици на МВР, по добиено барање од Центарот за управување со кризи за гасење на пожар близина на село Белица, општина Македонски Брод, упати хеликоптер од типот Бел 412, информираа од МВР.

По интервенцијата, локализиране е еден крак од пожарот што зафати борова и нискостеблеста шума.






„Полицискиот хеликоптер Бел  412, во координирано постапување со противпожарните единици, дејствуваше на многу висок и непристапен терен, каде беше опожарена борова и нискостеблеста шума, при што исфрли над 10 тона вода и помогна во локализирање на еден крак од пожарот“ – стои во известувањето од МВР.

Поврзани содржини