ПОЛИЦАЈЦИТЕ НИ САМИТЕ НЕ МОЖАТ ДА СЕ ОДБРАНАТ! Во Тетово прегазен, во Ресен претепан полициски службеник

Малолетник од тетовско со патничко возило „БМВ“ без регистарски ознаки, не застанал на даден знак за запирање од полициски службеник и се обидел да го прегази.

1,555

Полицијата во Ресен синоќа во 20.30 часот ги лишила од слобода А.М.(42) и Ј.Р.(31), двајцата од Ресен, поради напад на полициски службеник со тврд предмет.

Како што соопшти МВР, полицаецот во моментот не бил на работа, но претходно, при преземање на службени дејствија, ги затекнал пријавените како вршат кривично дело – нелегален транспорт на дрва.






Во вториот случај, вчера во Тетово малолетник се обидел да прегази полициски службеник.

Полициски службеници од СВР Тетово вчера во 13.00 часот во тетовско Желино лишиле од слобода малолетник од село Копачиндол, тетовско и малолетничка од село Добарце, тетовско поради тоа што околу 12.00 часот во Тетово со патничко возило „БМВ“ без регистарски ознаки, кое го управувал малолетникот, не застанале на даден знак за запирање од полициски службеник и се обиделе да го прегазат.

По целосно документирање на случаите ќе следат соодветни поднесоци за лицата.

Поврзани содржини