📸 ПУКАЊЕ ВО УЖИЦЕ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН Мажи лежеа ранети на бетонот, полицијата трага по напаѓачите

Очевидци за српски Курир изјавиле дека едно или повеќе лица со мотори пукале во два автомобили, џип и БМВ. Српската полиција трага по овие два луксузни автомобили.

1,854

Вознемирувачка фотографија на која се гледаат двајца мажи како лежат на бетон беше објавена на Инстаграм профилот на „uzice.online“. До нив се гледаат неколку тинејџери како стојат и ги гледаат шокантните сцени.

„Ужас се случи денеска во центарот на градот. Тројца ранети во пукотницата во Ужице пред училиштето“, се наведува во објавата на Инстаграм.






Според српски Курир тројца биле ранети во пукање кое се случило сред бел ден на шеталиштето во Ужице во Србија. Српски Н1 напиша дека пукањето се случило негде по 13 часот на мостот Алексиќ.

Очевидци за српски Курир изјавиле дека едно или повеќе лица со мотори пукале во два автомобили, џип и БМВ. Српската полиција трага по овие два луксузни автомобили.

Како што изјави директорот на Општата болница во Ужице, примени се три лица и во тек е дијагностика. Едно лице е прегледано и рането во лактот, додека  другите двајца мажи се примени со повреди на главата.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Užice Online (@uzice.online)

P

 

Поврзани содржини