НЕВЕРОЈАТНАТА МАРТИНА И НЕЈЗИНАТА ПАРТНЕРКА ЈУЛИЈА Познатата тенисерка Навратилова го слави 67. роденден, болна но среќна
Која е Јулија Лемигова, животната партнерка на Мартина Навратилова, која во нејзиниот живот донесе една голема афера, две ќерки и многу среќни мигови.
Мартина Навратилова, познатата светска тенисерка, денеска го слави својот 67. роденден. Живее со својата партнерка Јулија Лемигова и среќна е.
Навратилова е една од најголемите тенисерки на сите времиња. Таа освои 18 титули во сингл, а дури 31 во двојки. Доминираше во женскиот тенис во 1970-тите и 1980-тите,
Важи за една од најхрабрите членови на ЛГБТ заедницата, бидејќи во 1981 година ја објави својата љубов кон жените. Со години беше во врска со Џуди Нелсон, а нејзината најголема љубов Јулија Лемигова ја запозна во 2000 година.
Осум години подоцна, Мартина и 15 години помладата Јулија се сретнале во Париз. Веднаш отишле заедно на појадок и од тогаш се неразделни. Тие се венчаа во 2014 година и заедно ги одгледуваат двете ќерки на Јулија, Викторија (22) и Ема (18).
Лемигова е родена во Москва во 1972 година, како ќерка на полковник на Црвената армија. Таа беше првата придружничка на изборот за Мис на Советскиот Сојуз во 1990 година, но бидејќи победничката беше дисквалификувана како малолетна, Јулија стана мис. На изборот за Мис Универзум истата година таа беше втора придружничка.
Во доцните 1990-ти, Јулија Лемигова беше во врска со францускиот банкар Едуард Стерн, на кого му роди син. За жал, малиот Максимилијан бил пронајден мртов во својата лулка, а истрагата покажала дека починал од синдром на потресено бебе додека бил со нова дадилка.
Во февруари 2005 година, Едуард беше пронајден мртов во неговиот стан во Женева. Инспекторите останаа запрепастени – тој беше пронајден во спалната соба, облечен во латекс со боја на кожа, со вештачки пенис набиен во отворот на телото и ишаран со куршуми. За убиството беше уапсена неговата љубовница Сесил Бросар, која признала дека го убила за време на садо-мазо врска. Интересно е дека Едуар е роден на ист ден со Мартина Навратилова, 18 октомври, но во 1954 година.
Јулија моментално учествува во реалното шоу „Вистинските домаќинки од Мајами“, а многумина се прашуваат кој е татко на нејзините ќерки, бидејќи се знае дека тоа не е покојниот Едуард. Девојките ги добила од врски со двајца различни мажи, чии имиња никогаш не сакала да ги открие во јавноста.
Јулија секогаш зборува за својата сопруга Мартина Навратилова со восхит и со почит за сите тешкотии низ кои поминала.
„Веднаш ги споделив моите трагедии, мојата болка и тага со Марина, тие се дел од мене. Стравот да се држам за рака во јавност успеав да го надминам дури кога се преселивме во Мајами. Таа е втора мајка на моите девојчиња“, изјавила Јулија.
Мартина Навратилова три пати го победи ракот. Првпат ѝ бил дијагностициран рак на дојка во 2010 година, била оперирана и добила терапија. Но, на почетокот на оваа година од докторот добила страшна вест – повторно има рак, и тоа два различни истовремено.
Во јануари 2023 година ѝ беше дијагностициран рак на грлото и рак на дојка, а два месеци подоцна објави дека е повторно здрава по третманот.
„Мојата сопруга, Мартина, победи два рака во исто време, а јас не можев да бидам погорда на нејзината сила и решителност. Нејзината храброст ме инспирира секој ден. Благодарни сме за секој момент и знаеме дека заедно сме посилни од некогаш би можеле да бидеме сами“, напиша Јулија на Инстаграм.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram