КРАЛОТ НА БАНАНИТЕ ЌЕ БИДЕ НАЈМЛАДИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЕКВАДОР Даниел Нобоа победи на предвремените претседателски избори

Даниел Нобоа фармер на банани чие семејство се збогати од бизнисот со банани, ќе положи заклетва како претседател на Еквадор, на 25 ноември, пет дена пред неговиот 36-ти роденден.

368

Даниел Нобоа, 35-годишен бизнисмен кој поседува големи плантажи и раководи во трговијата со банани, ќе стане најмладиот претседател во историјата на Еквадор.

35-годишниот Нобоа победи на изборите во неделата со 52,3% од гласовите, пред неговата левичарска ривалка Луиза Гонзалес која доби 47,7%. Таа го призна поразот и му честиташе на Нобоа.






Овој 35-годишник од партијата Национална демократска акција е син на Алваро Нобоа, кој пет пати неуспешно се кандидираше за претседател.

Нобоа ќе биде на функцијата само 17 месеци до следните избори. Тој ќе владее од крајот на ноември 2023 година до мај 2025 година, поради фактот што актуелните избори беа предвреме предизвикани откако претседателот во заминување Гиљермо Ласо го распушти парламентот.

Нобоа, фармер на банани чие семејство се збогати од бизнисот со банани, ќе положи заклетва како претседател на 25 ноември, пет дена пред неговиот 36-ти роденден.

Нобоа вети дека ќе привлече странски инвестиции, ќе создаде работни места за младите и опасните криминалци ќе ги смести во затворските ќелии.

Кампањата пред изборите во неделата беше спроведена во сенка на смртта на претседателскиот кандидат Фернандо Вилависенсио, кој беше убиен на 9 август за време на митинг во Кито. Владата го обвини организираниот криминал за неговото убиство.

Еквадор е транзитна земја за шверц на кокаин, а криминалните организации се борат за патиштата низ кои минува дрогата.

Првиот круг од претседателските избори се одржа на 20 август, кога Гонзалес заврши на првото место со 33,6% од гласовите.

Поврзани содржини