ЗА АБОРИЏИНИТЕ НЕМА МЕСТО ВО АВСТРАЛИСКИОТ УСТАВ Еве зошто Австралијанците на референдумот кажаа – не!
Австралијанците беа прашани дали се согласуваат со предлогот што ќе ги признае народите на Абориџините, преку создавање на домородно советодавно тело во парламентот наречено „Гласот на Парламентот“.
Австралијанците денеска (сабота, 14 октомври) на референдум одлучно го отфрлија предлогот за признавање на абориџинското население во уставот, што е нов чекор наназад во помирувањето на земјата со домородното население, јавија светските медиуми.
По пребројани 45 проценти од гласовите низ целата земја, „не“ води со 57,35 проценти наспроти 42,65 од гласовите „за“.
Австралиската телевизија Еј-Би-Си и другите мрежи предвидоа дека најмалку четири сојузни држави – Нов Јужен Велс, Тасманија, Квинсленд и Јужна Австралија – ќе гласаат против измените на Уставот стар 122 години.
За референдумот да успее, најмалку четири од шесте сојузни држави мора да го поддржат предлогот, заедно со мнозинството на национално ниво.
Поради австралиските временски зони, гласањето во Западна Австралија продолжува иако е познат резултатот од референдумот.
Австралијците беа прашани дали се согласуваат со предлогот што ќе ги признае народите на Абориџините, преку создавање на домородно советодавно тело во парламентот наречено „Гласот на Парламентот“.
„Јас сум уништен“, изјави водачот на Абориџините Томас Мајо за Еј-Би-Си њуз. „Ни треба гласот. Ни треба таа структурна промена“.
Абориџинското население на Австралија денес сочинува 3,8 отсто од вкупното население од 26 милиони. Тие живеат на австралискиот континент речиси 60.000 години, но не се споменати во уставот и гледајќи ги социјалните и економските фактори, тие се најранливата група во земјата.
Поддржувачите на гласањето „да“ го поздравија како можност да се работи за да се решат проблемите во нивните најоддалечени заедници – повисоките стапки на самоубиства, семејното насилство и слично.
Сепак, отпорот се зголеми откако конзервативните политички го осудија предлогот поради наводен недостиг на образложение и непотребно дуплирање на постоечките советодавни тела.
Во саботата, водечкиот активист на „Не“, Ворен Мундин, рече дека референдумот никогаш не требало да се распише.
„Ова е референдум што никогаш не требаше да го имаме бидејќи беше изграден на лагата дека Абориџините немаат глас“, рече тој за австралиската радиодифузна корпорација.
За време на неколкумесечната кампања, гласањето „Не“ доби на интензитет, со слогани кои апелираа до апатија на гласачите („Ако не знаете, гласајте не“), како и мноштво други изјави смисленио да влеат страв, вклучително и стравот дека Австралија би можела да биде расно поделена.