ЛЕВИЦА СО ЧЕСТИТКА ЗА 11 ОКТОМВРИ Повторно гори факелот на антифашизмот и НОБ за слободна и суверена Република Македонија
Сега, како и претходно, кога темни сили насрнуваат врз нас, одново гори факелот на антифашизмот и Народно-ослободителната борба – за повторно ослободување на Македонија од оковите на денешницата – за иднина која ќе сведочи за нашата истрајност во Борбата за конечна победа. За слободна, суверена и антифашистичка Република Македонија!
Денеска го одбележуваме Денот на народното востание на македонскиот народ, оддавајќи признание, благодарност и почит за партизаните од НОБ и социјалистичката Револуција, како темели на современата македонска држава – и идеолошка водилка за патот кој избравме да го одиме.
(статус на Фејсбук на Димитар Апасиев)