🎥 МАЈМУН ШЕТА НИЗ БЕЛГРАД Необичниот посетител е снимен на кров на куќа во Карабурма

Не е јасно како мајмунот завршил на слобода, ниту пак како стигнал во Белград. Тоа е мајмун од родот макаки кои живеат низ Азија, Северна Африка и Гибралтар.

836

Српските портали објавија видео на кое се гледа мајмун на покривот на куќа во белградската населба Карабурма. Видеото за прв пат беше објавено вчера од страната на Инстаграм и стана вистински хит.

На снимката се слуша гласот на една личност која вели дека на мајмунот му дала чоколадо и јаболко, кои животното ги зело и потоа повторно побегнало.






Не е јасно како мајмунот завршил на слобода, ниту пак како стигнал во Белград. Тоа е мајмун од родот макаки кои живеат низ Азија, Северна Африка и Гибралтар.

Засега не е познато што се случило со животното откако било снимено.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MOJ BEOGRAD (@moj_beo_grad_)

Поврзани содржини