📽 НАПАДНАТИ РОСТОВ, БРЈАНСК И МОСКВА Русите одбија неколку украински дронови на сопствена територија

Од зградата на Командата во Ростов која беше оштетена се координираат руските напади врз Украина.

616

Руските власти соборија украински дронови во три градови во раните утрински часови, јави агенцијата РИА. Снимки од нападите во близина на командата во Ростов, пристаништен град на реката Дон, каде беа оштетени три згради и повредено едно лице се појавија на социјалните мрежи. Од зградата на Командата се координираат руските напади врз Украина.

Уште еден дрон во Ростовската област падна надвор од градот.

 






Во Брјанск, фрагменти од еден од двата уништени беспилотни летала ги искршиле стаклата на зградата на железничката станица и оштетиле автомобили во близина, објави новинската агенција Интерфакс.

На Твитер се појави и снимка од дронот кој паднал во населбата Раменское близу Москва. Според еден твитерџија, кршени биле прозорци на улицаа Десантнаја, а моторот од дронот е снимен како лежи на улицата.

 

Поврзани содржини