ЈАПОНИЈА НЕ САКА ДА ОСТАНЕ ПОКУСО! Лансира вселенска сонда на месечината

Мисијата чини 100 милиони долари, а леталото би требало да стаса на Месечината до февруари следната година.

197

Јапонија денеска ќе лансира вселенска сонда под име СЛИМ“ во обид да стане петтата земја којашто ќе спушти вселенско летало на природниот сателит на Земјата, пренесоа светски медиуми.

Целта на оваа мисија, која ќе чини 100 милиони долари, е да се тестира технологијата за атерирање и да се поттикне натамошниот развој на јапонската вселенска програма.






Леталото би требало да стаса на Месечината до февруари следната година.

Јапонската вселенска програма е една од најобемните на светот, но нејзиниот прв обид за спуштање на летало на Месечината во ноември 2022 година не беше успешен, како ни вториот во август годинава, кога ракетата експлодираше во текот на тестирањето.

Лансирањето доаѓа неколку седмици откако Индија стана првата земја којашто ја спушти сондата „Викрам“ на месечевиот Јужен пол, кој не се гледа од Земјата, поттикнувајќи изливи на национална гордост и нагласувајќи ја новата вселенска трка во којашто учествува приватниот сектор.

Јапонската агенција за истражувања на Вселената (JAXA) го закажа лансирањето за денеска (четврток). Ракетата „H-IIA“ којашто го носи Паметниот лендер за истражување на Месечината SLIM ((Smart Lander for Investigating Moon) наречен уште и „Месечев снајпер“, ќе полета од вселенскиот центар Танегашима во јужна Јапонија, соопштија од „Mitsubishi Heavy Industries“ (MHI) која ги произведува ракетите „H-IIA“.

Уредот СЛИМ е  висок 2,4 метри, широк 2,7 метри и долг 1,7 метри. Тежок е само 700 килограми. „Месечевиот снајпер“ би требало да се спушти на површината на видливата страна на Месечината, кај месечевата рамница Маре Нектарис.

Поврзани содржини