(ФОТО) СЕ ЖЕНИ ДАРКО ЛАЗИЌ Пејачот плаче од среќа, невестата блеска во бело
Српскиот пејач Дарко Лазиќ денеска ѝ се заколна на вечна љубов на својата избраничка Катарина и направи прослава на која покани 500 луѓе.
Српскиот пејач Дарко Лазиќ денеска ѝ се заколна на вечна љубов на својата избраничка Катарина прво во црква, а потоа направи прослава на која покани 500 луѓе.
На првиот танц на младенците ќе им пее Петар Грашо, што наводно била голема желба на Катарина, пишува „Блиц“.
Кога Дарко ја здогледал својата избраничка, како блеска во венчаницата, не успеал да ги задржи солзите, а потоа силно ја прегрнал.
Инаку, Катарина е првата љубов на Дарко, се сакале уште како деца, а потоа животот ги разделил.
Да потсетиме, Лазиќ од бракот со Ана Севиќ ја има ќерката Лорена, а со поранешната свршеница Марина Гагиќ го има синот Алексеј.
Инаку, Дарко не ја поканил Марина на својата свадба, која истакнала дека не добила покана, иако свадбената веселба се одржува во близина на нејзината куќа, додека малиот Алексеј бил поканет. Поранешната сопруга на Дарко, Ана Севиќ, пристигнала на венчавката со својот сегашен партнер.
Фотографиите од венчавката и свадбената прослава на Дарко и Катарина можете да ги погледнете ТУКА.
ФОТО: Инстаграм