Без книги за учениците, без лекови за болните, без независни обвинители и судии, со само два воза што се движат со брзина од 2 киломтера на час, со изгорена и повеќе пати украдена пошта, со 0% доверба на народот во обвинителите и судиите, со секојдневни коруптивни скандали и афери на државни и партиски функционери на власт, кои на избори крадат и купуваат гласови, со злоупотреба на парите од европски фондови и од американски донации – за „европски фронт“ и за членство во ЕУ не е доволно само едно сликање со Ескобар.
Не чувме дали г. Ескобар со Али Ахмети, освен за Косово, зборувал и за корупцијата, посебно за најголемиот корупциски скандал со Дојче Телеком, за кој судел и њујоршкиот окружен суд.
Дали случајно оваа средба, иако не беше најавена, сигурно на нечие барање, е остварена само за Али Ахмети да се појави сликан со него?
(ФБ статус на авторот, насловот е редакциски)