СЕ УРНАЛЕ 126 ЗГРАДИ Силен земјотрес во Кина

358

Најмалку 21 човек се повредени, а 126 згради се урнале по земјотресот со интензитет од 5,4 степени по Рихтеровата скала што ја погоди источната кинеска провинција Шандонг.

Епицентарот на земјотресот бил на 26 километри јужно од градот Џежу, на длабочина од 10 километри.






Поради земјотресот во прекин е железничкиот сообраќај, вклучително и линиите Пекинг – Шангај и Пекинг – Ковлун.

Поврзани содржини