ВО ВИЕНА СЕ ЖИВЕЕ НАЈДОБРО, ВО КИЕВ НАЈЛОШО Објавена листа на најдобрите градови за живот во Европа
Белград е на врвот на листата на европски градови каде е постигнат најголем напредок. Покрај Белград на оваа листа се уште и Букурешт, Братислава, Варшава и Штутгарт.
Виена и понатаму е најдобар град за живеење во Европа, додека Белград е на листата на градови чии резултати најмногу се подобриле во 2022 година, покажува EIU, индекс на британскиот весник Економист.
Според овој индекс, австриската престолнина има 98,4 поени од можни 100 поени, додека на второ место е Копенхаген, а потоа следат Цирих, Женева и Хелсинки.
Белград е на врвот на листата на европски градови каде е постигнат најголем напредок. Покрај Белград на оваа листа се уште и Букурешт, Братислава, Варшава и Штутгарт.
Главниот град на Србија во 2022 година постигна подобрување од 4,6 поени.
Од друга страна, Единбург, главниот град на Шкотска, падна за дури 23 места на листата на европските градови, повеќе од кој било друг град.
Истовремено, врз основа на индексот EIU, пад на квалитетот на животот е забележан во Лондон, кој падна за 12 места.
На дното на листата на европски градови според квалитетот на живот е Киев, „што е последица на руската агресија врз Украина“, наведува весникот Економист.