ТЕТКА АНЕТА КЛОВНЕТА, НАЈВЕСЕЛИОТ КЛОВН НА СВЕТОТ ЖИВЕЕ ВО ОХРИД Децата со посебни потреби се нејзина посебна љубов

Охриѓанката Анета Јованоска е позната како голема хуманитарка, едукаторка, волонтер, но најмногу како највеселиот кловн на светот. Тетка Анета Кловнета веќе 22 години ги разубавува родендените на децата кои благодарение на нејзе сега ја пеат македонската верзија од роденденската песна, а посебна љубов и големи другари ѝ се децата со посебни потреби

282

Откако ја слушнавме приказната за реконструкцијата на рампата за лица со посебни потреби во рамките на инклузивната игротека „Радост“ во Охрид, решивме да се запознаеме одблизу со Анета Јованоска, жената за која ни кажаа дека го „истуркала“ овој проект до крајот, а која во Охрид и околината е најпозната како Тетка Анета Кловнета.
Сè почна од еден разговор со Светлана Динковски, наша сонародничка која живее во Лондон и е голем поддржувач на семејствата кои имаат деца со посебни потреби. Таа спомна дека за својот 60-ти роденден побарала од пријателите, наместо да ѝ купуваат подароци, да донираат средства кои таа потоа решила да ги намени за решавање на некој проблем со кои се соочуваат лицата со посебни потреби. Притоа, ја спомена Анета Јованоска без која, како што рече, ништо од ова немало да се реализира. Тие две се запознале при реализацијата на друг проект за поддршка на лицата со аутизам, па така заеднички решиле средствата кои ги собрала Светлана да се искористат за реконструирање на рампата за таа да може да ги исполни основните критериуми за користење на истата.

Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини