КАДЕ СЕ ПЕТ МИЛИОНИ ФРАНЦИ ОД ФОНДОВИТЕ ВО ШВАЈЦАРИЈА? Лимани тврди дека Ахмети злоупотребил пари наменети за борците на поранешната ОНА

За пример Лимани го даде шоферот на првиот човек на интегративците, кој како што раскажа пред две децении имал куќа која наликувала на штала, а сега дека имал голема вила и огромно дворно место кое го узурпирал.

4,267

Фатмир Лимани, актуелниот потпретседател на Беса и внук на Али Ахмети, во вчерашното интервју за ТВ Алфа рече дека Ахмети злоупотребил пет милиони франци од фондови во Швајцарија, а кои биле наменети за поранешните борци на ОНА. Тој посочи и на огромното богатсво кое го имаат Ахмети и неговите блиски соработници. За пример го даде шоферот на првиот човек на интегративците, кој како што раскажа пред две децении имал куќа која наликувала на штала, а сега дека имал голема вила и огромно дворно место кое го узурпирал.

Лимани е поранешен заменик-директор на ЕСМ, но беше и независен кандидат за градоначалник на Кичево. Тој и самиот беше член на ДУИ со години, а потоа замина поради несогласувања. Неговата поранешна партија ДУИ ја нарече мафијашка групација со „главен извршител Артан Груби“.






За спорот меѓу Македонија и Бугарија Лимани смета дека тоа е несфатлива политика на негирање и дека никој нема право да негира чија било нација.

Поврзани содржини