ПОЧИНА ВНУК НА РОБЕРТ ДЕ НИРО НА 19-ГОДИШНА ВОЗРАСТ Леандро Де Ниро штотуку започна актерска кариера
Актерот и неговото семејство сè уште не соопштуваат што ја предизвикало смртта на младиот Де Ниро.
Холивудскиот актер Роберт де Ниро доживеа семејна трагедија. Неговиот внук Леандро Де Ниро Родригез почина на 19-годишна возраст.
Имено, ќерката на познатиот актер Дрен Де Ниро на Инстаграм објави фотографија од својот син со емотивна порака.
– Мојот прекрасен, сладок ангел. Ти беше мојата радост, моето срце и сè што беше чисто и реално во мојот живот. Беше толку сакан и посакувам таа љубов да можеше да те спаси. Многу ми е жал – напиша Дрена со фотографија од синот.
Актерот и неговото семејство сè уште не соопштуваат што ја предизвикало смртта на младиот Де Ниро.
Дрена е најстарата од седумте деца на Де Ниро, а нејзината мајка е актерката Дијана Абот, првата сопруга на Де Ниро. Дрена го доби Леандро во бракот со уметникот Карлос Маре.
Леандро, како и неговиот дедо и мајка, ја наследил љубовта кон актерството и се појавил во неколку филмови.