„ПУТИН ОЧИГЛЕДНО ЈА ГУБИ ВОЈНАТА ВО ИРАК!“ Уште еден лапсус на Џо Бајден
Ова е уште еден во низата гафови на американскиот претседател, кои станаа вирални на социјалните мрежи и го изложуваат на потсмев.
Претседателот на САД, Џо Бајден, одговарајќи на новинарско прашање за рускиот претседател Владимир Путин изјави дека тој ја губи војната во Ирак.
– Тешко е да се каже, но тој очигледно ја губи војната во Ирак – истакна Бајден, најверојатно мислејќи на војната во Украина.
Тоа е уште еден гаф на Бајден. Претходно во текот на месецот тој во својот говор пред поддржувачите за контрола на оружјето рече: „Боже чувај ја кралицата“. Подоцна Белата куќа соопшти дека забелешката била упатена кон некого од публиката, без да наведе други детали.
Неодамна за време на церемонија на изведување на химните при посета на премиерот н Индија Бајден не ја препозна американската химна, и ја држеше десната раката кај срцето за време на интонирање на индиската химна. По неколку минути забележа дека направил гршка и ја спушти раката.
“Putin is clearly losing the war in Iraq”
— Joe Biden 🤣🤣🤣No way that @JoeBiden can run in 2024.https://t.co/oXNqvTQZ5g
— Kim Dotcom (@KimDotcom) June 28, 2023