(ФОТО) НИКОЛ ШЕРЦИНГЕР КАЖА „ДА“ Поранешната девојка на Луис Хамилтон се мажи за рагбист
Пејачката и рагбистот се вљубиле во шоуто „X Factor: Celebrities“ во кое Никол Шерцингер беше во жирито, а Том Еванс настапуваше со рагби-бенд.
Популарната „спајсица“ Никол Шерцингер (44) му кажа „ДА“ на своето момче, 37-годишниот рагбист Том Еванс.
Шерцингер која своевремено имаше долга врска со возачот во Формула 1, Луис Хамилтон, а потоа му беше девојка и на бугарскиот тенисер Григор Димитров, на крај сепак, ќе се омажи за спортист.
Пејачката ја сподели среќната вест со своите следбеници на Инстаграм. Таа постираше две фотографии од запросувањето под кои напиша: „Кажав ДА“.
View this post on Instagram
Никол и Том се зближиле благодарение на шоуто „X Factor: Celebrities“ кое се емитуваше во 2019 година. Никол во шоуто беше членка на жири комисијата, додека Том беше натпреварувач со бендот Try Star, заедно со колегите рагбисти Леви Дејвис и Бен Фоден.
Иако рагби-бендот не успеа да ги импресионира гледачите со своите музички перформанси, Том го привлече вниманието на Никол. Искрите меѓу нив се „запалиле“ на снимањето, а тоа брзо го забележаа и гледачите на шоуто.