ЌЕ ГО ПОСЛУША ЛИ ПУТИН ПРИГОЖИН ЗА СМЕНАТА НА ШОЈГУ? Еден човек е во игра, а на шут-карта е и Герасимов
Името кое го спомна Марков за смена на Шојгу е добро познато во руските кругови. Се работи за Алексеј Дјумин, 50-годишен поранешен безбедносен агент на КГБ, односно на ФСБ. Тој во февруари 2016 година стана гувернер на регионот Тула.
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу би можел да биде сменет од функцијата, како што тоа го бараше бунтовникот и шеф на Вагнер, Евгениј Пригожин. Но, смената со нов човек не би била направена веднаш. Според објавата на Телеграм на политичкиот аналитичар Сергеј Марков, „тоа е за да не се мисли дека Шојгу и Герасимов биле отстранети на барање на бунтовникот“, анализира Њузвик.
Ќе му ја исполни ли Путин желбата на својот соперник Пригожин? Обвинението за Пригожин и за членовите на „Вагнер“ е официјално симнато, но остануваат дилемите околу обидот за пуч.
Името кое го спомна Марков за смена на Шојгу е добро познато во руските кругови. Се работи за Алексеј Дјумин, 50-годишен поранешен безбедносен агент на КГБ, односно на ФСБ. Тој во февруари 2016 година стана гувернер на регионот Тула.
Прес-службата на регионот Тула изјави за рускиот весник „Ведомости“ дека Дјумин не учествувал во преговорите меѓу Лукашенко и Пригожин.
Дјумин служеше во гардата на Путин кога тој беше претседател од 2000 до 2008 година, но и кога Путин беше на чело на владата од 2008 до 2012 година.
Летонскиот независен медиум Медуза објави во октомври 2022 година, цитирајќи извори блиски до Кремљ, дека односите меѓу Дјумин и Шојгу не функционирале кога тие работеле заедно во Министерството за одбрана.
Институтот за проучување на војната ИСВ, тинк-тенк со седиште во САД, рече дека шпекулациите за Дјумин да го замени Шојгу на функцијата министер за одбрана не може да се потврдат, додавајќи дека „било какви промени во раководството на Министерството за одбрана особено би претставувале значајна победа за Пригожин“.
Руслан Пухов, директор на Московскиот Центар за анализа на стратегии и технологии, изјави за Фајненшл тајмс дека Шојгу и Герасимов „сега се очигледни куци патки“ и дека и двајцата „ќе бидат отстранети“ од Путин.
Абас Галјамов, кој служеше три години како говорник на Путин, се согласи.
„Се чини дека Дјумин сега е фаворит“, напиша Галјамов на својот канал „Телеграм“.
Истовремено, според објавата на аналитичарот Марков, првиот началник на Генералштабот наместо Валериј Герсимов би требало да стане Сергеј Суровикин, генералот кој му беше наклонет на Пригожин.