МЕРКО СЕ КРИЕ ОД ЈАВНОСТА Струшкиот градоначалник откажал настан, имал итна работа

Настанот е откажан бидјеќи градоначалникот имаше друга итна работа, велат од кабинетот на градоначалникот Мерко за медиумите.

308

Денот на езерото кој традиционално се одбележува на денешен ден со градоначалниците на Охрид ,Струга Поградец и Дебарца е откажан. Ова е прв настан што е откажан откако градоначлникот на Струга Рамиз Мерко е ставен на црна листа на САД.

– Настанот е откажан бидјеќи градоначалникот имаше друга итна работа – велат од кабинетот на градоначалникот Мерко за медиумите.






Засега без став е и неговата мтична партија ДУИ.

Соединетите Американски Држави вчера соопшти дека го назначуваат градоначалникот на општина Струга, Северна Македонија, Рамиз Мерко, како генерално неподобен за влез во Соединетите држави, поради неговата вмешаност во значителна корупција. Додека ја извршуваше функцијата градоначалник на Струга, Мерко присвои средства и се мешаше во судските и другите јавни процеси, нанесувајќи ѝ штета на вербата на јавноста во демократските институции и функционери на Северна Македонија, објавија од Стејт департментот на САД

Поврзани содржини