МИЛЕВСКИ, СЕПАК, УСПЕА ДА ГО ИЗНЕНАДИ САУТГЕЈТ! Искрено, не очекував ваква Македонија

Што велат Англичаните по убедливата победа против Македонија со 7-0 во квалификациите за фудбалското ЕП 2024 во Германија.

1,083

Англија ја победи Македонија со 7-0 и направи чекор напред кон пласман на ЕП во 2024 во Германија. За македонската фудбалска репрезентација ова е втор пораз во серија и досега највисок во историјата. Со седум примени голови од вкупно 10 упатени удари и без ниеден шут кон противничкиот гол, со само 34% посед на топката, поразителна е и статистиката на македонските фудбалери на овој дуел.

Ваквото издание на репрезентацијата која пред две години играше на Европско првенство и не така одаман во квалификациски дуели славеше сензационални победи против великани како Италија и Германија, го изненадила дури и селектор на Англија, Герет Саутгејт, кој призна дека очекувал многу посилен отпор.






– Искрено, не очекував ваква Македонија. Знам дека можат многу подобро. Мислам дека ние не им дозволивме да играат добро. Пресреќен сум поради момците – изјави Саутгејт.

„Гордиот Албион“ немаше милост за македонските фудбалери, а натпреварот посебно ќе го памети Букајо Сака кој три од вкупните седум гола во македонската мрежа. Сумирајќи ги впечатоците по мечот, Сака изјави дека Македонија не можела да се справи на „Олд Трафорд“

-Тоа е чувство што не можам да го опишам со зборови. Не можам да опишам како се чувствувам во моментов. Јас сум многу среќен. Ова беше навистина посебно издание. Излеговме со мене и со Раши на крилните позиции. Остри, директни. Тие не можеа да се справат со нас – рече Сака пренесува Индипендент.

Поврзани содржини