(ФОТО) БУГАРСКИОТ ФАШИСТИЧКИ ОКУПАТОР СТРЕЛАШЕ 12 МЛАДИНЦИ ВО ВАТАША Мицкоски повика никогаш да не се заборават жртвите

Фактот е еден, а тоа е дека бугарскиот фашистички окупатор стрелаше овде во Ваташа 12 младинци. Слава им и никогаш да не заборавиме! – рече Мицкоски.

293

Бугарскиот фашистички окупатор овде стрелаше 12 младинци, слава им и никогаш да не ги заборавиме, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при посетата на Ваташа.

-Денеска е посебен ден за Кавадарци и за Македонија и за жителите на Ваташа. Како што кажа и Митко, на ѕверски начин овие 12 младинци се убиени од страна на бугарскиот фашистички окупатор за време на Втората светска војна и тоа е чин кој што треба сите да нѐ обедини. Тоа е чин кој што не треба никогаш да го заборавиме. Јас сум свесен дека денеска голем дел од луѓето кои што се активни на политичката сцена во лов на сопствена политичка кариера и ден повеќе да бидат активни во политиката, подготвени се дури и ваквите моменти да ги заборават, да ги избрусат, како што тоа го правеа многу пати во минатото со брусење на некои други хералдички знаци кои што се дел од македонското минато. Но меморијата на овие луѓе никој не може да ја избруси, таа е вечна и таа се пренесува од колено на колено, од баба на внук, од генерација на генерација. Фактот е еден, а тоа е дека бугарскиот фашистички окупатор стрелаше овде во Ваташа 12 младинци. Слава им и никогаш да не заборавиме! – рече Мицкоски.






Во чест на убиените деца и по повод јубилејните 80 години од стрелањето, општина Кавадарци заедно со Советот на Општината изготви 12 бисти, кои денеска беа свечено отворени, како и спомен соба. Во Спомен собата се претставени делови од животот на децата, нивното стрелање, градењето на споменик во 1961 година, а содржи и нивни лични документи од животот и посмртно.

Новиот споменик во Ваташа – бисти на 12-те младинци

– Денеска, 16 јуни 2023 година, чествуваме 80 години од ѕверското стрелање на 12 деца токму тука на ова место Моклиште од бугарскиот окупатор. Денес гордост е дел да си од Ваташа, гордост е да си дел од Кавадарци зашто овие деца го дале животот за слобода на Република Македонија. Сите тие немале ниту 120 години заедно на денот на нивното стрелање, а тоа е еден човечки живот кој го има живеено еден човек. Така што да се убие дете, да се стрелаат 12 деца е незаборавен чин. Меѓутоа ние сме народ, христијански православен кој знае да проштева, а прошката ја бараме со она што значи извинување и поклонување токму пред овие бисти и споменик – рече градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев.

Поврзани содржини