(ФОТО+ВИДЕО) СЕКА АЛЕКСИЌ ГО ОДРЖА ВЕТУВАЊЕТО Пејачката отиде на матура со девојчето кое е жртва на врсничко насилство
Српската фолк пејачка Сека Алексиќ пред извесно време реагираше на веста за девојчето кое децата го омаловажуваат поради неговата националност и никој не сакал да оди со девојчето на матура.
Српската фолк пејачка Сека Алексиќ пред извесно време реагираше на веста за девојчето кое децата го омаловажуваат поради неговата националност и никој не сакал да оди со девојчето на матура.
Пејачката штом ја видела објавата на социјалните мрежи го контактирала семејството и ги известила дека ќе оди со девојчето на матура, бидејќи никој од нејзините врсници не сакал да оди со девојчето.
Mi odrasli smo pali svi na ispitu!
Mia sa drugarima je otišla na maturu, možemo samo da se nadamo da će deca biti mnogo bolji ljudi nego što smo mi! 🩷#stopnasilju pic.twitter.com/ksUv54HHfx— Seka Aleksic (@poslednjilet) June 11, 2023
Неколку недели по проширувањето на веста, дошол и денот кога ова девојче требало да оди на матура, а како што ветила Алексиќ, пристигнала во нејзиниот град со огромен букет цвеќе, го прегрнала девојчето, го фатила за рака и отишле на матура.
Девојчето за оваа посебна вечер избрало црно фустанче и бели патики во согласност со нејзините години. Убавата матурантка блескала одејќи на својата матура.
Да потсетиме, сѐ започна кога една корисничка на Твитер објави приказна за девојче кое трпи насилство од врсниците во основното училиште „Петар Петровиќ Његош“ во Врбас.
Овој гест на Сека Алексиќ уследи по известувањето на една жена која изнела страшни детали за психичко малтретирање, пишува српски „Информер“.
„Јас ќе одам на матура со неа! Каде е тоа девојче“, напиша тогаш пејачката на Твитер, а акцијата ја поддржаа многу јавни личности, кои исто така изјавија дека сакаат да одат на мала матура во Врбас.
ФОТО: Инстаграм/Твитер