Беса нема да биде дел од евентуална широка влада, туку ќе биде дел од нова влада по изборите како победник во албанскиот политички блок, порача претседателот Билал Касами во изјава за порталот на албански јазик „Журнал“.
– Не. Движењето Беса ќе влезе во Владата дури по следните парламентарни избори како победник на тие избори во албанскиот политички блок – вели Касами.
Прашањето за формирање широка влада се актуализираше по последната лидерска средба меѓу премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.