Во македонска народна се пее за јагнето манарче, кое благодарение на лакомоста цицало од две мајки, а во македонската реалност, тимареното галениче на стадото Македонци се препознава во албанскиот политички фактор, кој со ненаситен апетит, до сега, сѐ што посака, си исцица како смок.
Без осет дека ни ги повредуваат националните чувства, нашите сограѓани упорно ги туркаат Бугарите во Уставот, брзајќи пред нив, на две – на три, со партиски клоци да си обезбедат газдинство врз конститутивниот столб на државата. Со редефинирање на Уставот, вклучувајќи ја и Преамбулата, бараат целосно изедначување на Албанскиот и Македонскиот народ, што значи – од унитарна држава Македонија да стане двонационална држава на два рамноправни народа, што води кон федерализација. Образложението е дека Македонија не е матична земја – држава само на Македонците, туку и нивна!
Да ги прашам Албанците: На Балканот, колку матични држави како врзани садови на групирани цицки за боскање, се „нивни“? Две, три, или повеќе? Секаде каде што живеат и со рушење на авлиите ги шират и поврзуваат нишаните на препознатливите албанските пашалаци? Е, тоа никаде во светот го нема, па ниту во Македонија ќе го има!
На Македонците треба да ни е јасно: распродажбата и грабежот на нашите вековни национални вредности од кои ни зависи опстанокот, пропратено со територијалната окупација, негацијата и асимилацијата на Македонците, се приведува кон крајот. Од повеќе каршилаци сакаат да ни ја ќарат државата… Ако не се освестиме токму сега, и одлучно да се спротивставиме со самозаштита, дефинитивниот пораз допрва нѐ чека.
Албанците не пропуштаат да ги користат нашите отстапки, згазнувајќи врз нив. Вината е наша. Со самобришење нѐ снема и од Егејска и од Пиринска Македонија, од срцевината на македонштината, од извориштето на нашата револуционерна, историска и културна тековина. Нема поголем резил од народ кој се откажал од своето вековно име и од себепостоењето надвор од границите на државата, на кој предавниците и по сторениот злостор, по истата погубна врвица продолжуваат да го водат. Како обезимена и себеизолирана толпа нѐ затворија во последното парче македонска земја за да умираме одвнатре, третирани како алатки во експериментален полигон, во кој, секој може да посегнува по свој ќеф и да го дозира суверенитетот на државата и Македонците.
Долго замираме… и сите работи во нашата историската тековина ги правиме со задоцнување, или свесно ги пропуштаме. Истото се случува и сега, кога ги напуштаме АСНОМ-ските конститутивни столбови на македонската држава, заменувајќи ги со туѓи принципи, врз кои Македонија не може да опстои. Ќе исчезне заедно со македонскиот народ од историската сцена и тоа по „демократски“ пат.
Целта на туѓите стратешки наметнувани интереси е, Бугарите да „докажат“ дека во Македонија не постојат Македонци, а Албанците дека не постои православен мнозински македонски народ. Последниот фалсификуван попис се одвиваше под тој тертип, а сега бргу, баш такви им беа „забелешките“ кога беше збор за прифаќање на преамбулата на Хрватскиот устав… Таквата тандемска замка, нѐ носи и до другото губилиште: ако нема мнозинство Македонци, нема зошто и името на државата да носи име на „изгубените“… И тоа не е крајот. Врвицата на погубноста нѐ лизга по зацртаното и промовираното: и „меѓународната“ нѐ процени дека како северџани сме попустливи и склони на лични отстапки – недораснати, без самодоверба (да беше поинаку не ќе се откажевме од името) и политичка зрелост да бидеме некаков фактор на Балканот…, па нѐ пушти по вода. За голема наша срам, потпаднавме под примитивната големобугарска политика на која власта безрезервно ѝ служи, како и под егзистенционално политичко ропство на осилените Албанци кои ги „снемува“ од државата, па не се ни 20%, но, за „калабалак“ се дополнуваат со Косоварите, кои повеќе од дваесет години се наменски дарувани и со македонско државјанство.
Македонците, благодарение на предавниците – извршители кои и сега имаат подреден збор во македонската пропаст, доживеавме мирен државен и национален удар, од кој сме во состојба на кома, со и без изгледи да се извлечеме од неа. Сите галамиме и бараме излез од трагичната состојба во која живееме, но, само си зборуваме… а ништо не преземаме. Не сме одлучни да поведеме битка и да ја добиеме. Чекаме некој друг да се промени, место ние да се промениме. А, нема од кого и што, да чекаме. Мораме сами да се ослободиме од состојбата на бескрупулозните лаги на криминалната власт, нивните самоволија, грабежи, лицемерие, цинизам со задушување и омаловажување на опозицијата и казнување на критичката мисла… Сето тоа е во одбрана на воспоставената анархија и нејзино изедначување со накарадно сфатената и применета узурпирана демократија, со гласните промовирања на бугарски фашизам, или на некаквата двонационална држава – држава на два народа, која значи нож во грб на Македонија и смрт за македонската нација.
Само ќорите и потплатените не сакаат и не можат да видат и сфатат, дека мирната разврска на македонското прашање се одвива со преселување во Западна Македонија (кај сестра Илирида) на косовската јагма, која пред наши очи катадневно се промовира и шири со албанизација на македонската територија, косовизираната македонската армија (за која албански качак министер на собир јавно се пофали дека се раководи „со албански печат“), слетнати мршојадци врз комплет државните институции чија жетва е исколвеното судство на чело со Уставниот суд, надворешната антимакедонска политика, шовинистичките говори пред намножените споменици со двоглавиот орел во чест на балистите кои ги иселуваа и убиваа Македонците…, кршење на спомен-обележјата на македонските бранители…
Никој не „примети“ ни за ново преименуваната скопска улица и замена на името на македонски преродбеник со име на косовски балист и тоа – со посебна помпезна укажана чест на политичката гостинка – „кума Косоварка“, чии специјални фотографии со картата на Г. Албанија, како икони ги красат нашите македонски портали. И во Тетово, намерно и со јасна симболична окупаторска порака, градоначалникот, како на сајбија ѝ ги предаде клучевите од „албанскиот град“ (?), денеска познат како кучкарник… И да не редам за од никого осудениот навален примитивизам со кој се албанизираат Струга, Кичево… Само ќе речам: – така не се јакне државата и во неа соживотот! Со кучешко бележење на територии како проширување на албанската газдинската напаст, намерно се урнисува.
Признале или не, живееме во повеќедржавна држава, каде што, на свој начин се плодат гетоизирани оградени гнезда, во кои, потпораснатото и разгласено кукавичкото пиле прави чистка на сѐ што е македонско… Македонија и Македонците доживуваме подеднаква, општа напаст од Албанците, истовремено и од Бугарите, кои меѓусебно се натпреваруваат како на коњички трки – кој повеќе, кој побргу… Целосна поддршка имаат од Брисел и нашите од уста не вадени „стратешки партнери“ Америте, чија амбасадорка во државава целосно ја поддржува криминалната политика на марионетската власт, истовремено изигрува и политичка суперелеганција, со лицемерие и дволичност правејќи од Македонците мајмуни љангари…
Многу грешевме… Молчевме, трпевме… и сега трпиме безобзирни притисоци посебно од Американците за насилно да го смениме Уставот, за туѓ интерес, за наша погубност… Не смееме тоа да го сториме! Не смееме сами да си го ставиме јажето на вратот… Ако ни остана бар трунка национална гордост и морална свест за опстојба како свои на своето, тоа, досегашното тонење нема да го сфатиме како пораз. Ќе го сметаме како лекција, од која научивме дека треба да ставиме крај на долгото замирање со кунење на главата. Послушниците се за една употреба и никој не ги цени, туку само ги искористува и фрла. Каде? – На буниште!
Сега за сега, вакви какви што сме, немаме пат за напред. Единствено што ни остана како спас, е – назад!, по веќе изодениот пат. Враќање кон македонските корени од Илинден, АСНОМ… кои уште се шират длабоко под земјата македонска и ги крепат и штитат од распад подовенатите ветки на разгранетите над земја стебла нападнати од штеточини, кои здружени се обидуваат да ни го исцицаат до последна капка животниот сок од жилите.
Македонци! Да не се плашиме да тргнеме од почеток, бидејќи овој пат не тргнуваме од нула. Овој пат тргнуваме од искуството. Нашите предци ни создадоа македонска држава за да понатаму ја градиме националната свест, а не, опуштени да ја губиме заедно со моралот и патриотизмот, заменети со заповед и сила. Зар занемени заборавивме дека АСНОМ-ска Македонија е конституирана како наша матична држава, врз основа на мнозинскиот македонски народ кој сѐ уште, признат или не, постои? Потребно е само да продолжиме кај што застанавме со напредувањето, и со нова и константна нивелација на македонската тековна осознаеност да го обновиме нашиот разнишан национален политички склоп до ниво на современа македонска нација, и со национален консензус да ја надградиме македонската опстојба, како нова, современа граѓанска национална држава Македонија.