ШТО ТОЛКУ ПУТИН ГО ТИНТРА ПРИГОЖИН? Тајниот баланс меѓу приватната милиција и државната војска не смее да биде нарушен
Но, дали Путин ќе го смета неуспехот на Вагнер, ако дојде до тоа, како сериозно кривично дело, тоа е друга работа, заклучуваат авторите на крајот. Тие посочуваат дека Путин има долго искуство во ефективно користење на пропаднати бирократи, политичари и други послушници, како што е случајот со поранешниот претседател и премиер Дмитриј Медведев, се вели во извештајот на Форин Аферс.
Зошто Путин го толерира Пригожин и Вагнер ако не му се толку потребни? Дали начинот на којшто Путин се потпира на оваа платеничка група е сличен на тоа како Јосиф Сталин користеше приватни милиции за да ги подржи своите сојузници во Шпанската граѓанска војна? Вагнер се појавија во Донбас уште пред осум години, а до ден-денес сите руски медиуми, особено оние од „воениот кор“ се под инструкции да ја бодрат оваа група чиј шеф, „шефот на Путин“ отворено го критикува претседателот.
Како резултат на тоа, про-Кремљ печатот продолжи да објавува интервјуа со офицерите на Вагнер, кои го возвишуваа борбениот дух на групата.
Извештај на американски „Форин Аферс“ напишан од Андреј Солдатов и Ирина Бороган вели дека тоа не е ништо необично за Русија, без разлика што Пригожин неколку пати се закани дека ќе излезе од клучниот град Бахмут, го напаѓаше рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу…
Авторите велат дека постои баланс меѓу државната војска и приватната милиција со кој се обезбедува нешто да не „експлодира“ во Русија. Прашањето е до кога ќе трае ова (не)пријателство?
Клучно е светот да не знае што се случува во руската војска
Пригожин езгистира само поради личната поддршка од Путин. Објаснувањето лежи во сложениот однос на Путин со руската војска. За време на неговите први години на власт, еден од најголемите предизвици на Путин беше да ја држи војската под контрола.
Како една од најголемите армии во светот во огромна земја каде што сè се прави внатрешно, руската војска има традиција да се погрижи надворешниот свет да знае многу малку за нејзините активности. Ова значи дека вообичаените форми на власт и јавен надзор – без разлика дали преку Парламентот, полицијата или медиумите – не функционираат така едноставно во Русија.

Не успеа со Иванов, со Шојгу уште помалку
За време на неговата прва деценија на власт, Путин се обиде да ја зајакне контролата над војската со назначување на својот пријател и доверлив човек, поранешниот генерал на КГБ Сергеј Иванов, за министер за одбрана. Но, Путин мораше да го замени во 2007 година, кога стана јасно дека напорите на Иванов да иницира големи воени реформи пропаднаа. Подоцна, со Шојгу, друг аутсајдер во војската, Путин повторно се обиде да стекне поголемо влијание.
Но, сега, по повеќе од една година војна во Украина, нема докази дека Путин имал повеќе успех со Шојгу отколку со Иванов. Освен тоа, Путин разбира дека во војна војската има тенденција да стекне поголема моќ во државата. Тој знае дека колку подолго трае војната, толку таа моќ ќе биде поголема и ќе му биде потешко да ја контролира. Бидејќи тој има тенденција да го гледа светот од аспект на закани, релативната сила на војската е нешто што го засега, во некои аспекти дури и повеќе од перформансите на војската на бојното поле.
Само приватната полиција може да ја заузда државната војска
Како резултат на тоа, Путин се повеќе прибегнува кон невообичаени методи за да ги заузда генералите. Почнувајќи од есента 2022 година, на пример, тој ги охрабри „воените луѓе“ да ги пропагираат проблемите во војската и улогата на Вагнер како противтежа на војската.
За Пригожин, и покрај големите загуби што ги претрпеа неговите војници, ова беше ситуација во која двете страни добиваат, и Вагнеровата и путиновата милиција. Пригожин е свесен дека никогаш нема да претставува политичка закана за Путин, бидејќи не ужива никаква друга поддршка во руската владејачка елита освен покровителството на Путин. А, Путин се погрижи и така да остане.
Пригожин не разбира дека на Русите им се гади од него
Сепак, како што времето поминува, она што Пригожин очигледно не го разбира, а во помала мера и Путин, како што сметаат авторите, е дека Путиновата Русија денес не е Русија на Сталин. Многу сектори од руското општество, особено бирократијата на земјата, гледаат на авантурите на шефот на Вагнер со ужас и одвратност. Во моментов, Вагнер согорува повеќе муниција од која било друга руска единица. Ако се покаже дека тоа не резултирало со конкретни победи на бојното поле, тогаш оваа масовна кампања која траеше со месеци, во која се изгубени илјадници животи и уништени огромни количества воен материјал, може да изгледа како колосално губење на оскудни ресурси.
Но, дали Путин ќе го смета неуспехот на Вагнер, ако дојде до тоа, како сериозно кривично дело, тоа е друга работа, заклучуваат авторите на крајот. Тие посочуваат дека Путин има долго искуство во ефективно користење на пропаднати бирократи, политичари и други послушници, како што е случајот со поранешниот претседател и премиер Дмитриј Медведев.
Пригожин можеби ќе биде следниот.