РУСИТЕ ПОЧОВЕЧКИ СЕ БОРАТ ОД АМЕРИКАНЦИТЕ, ПА ВИДЕТЕ ГО БАГДАД Чомски ја спореди Украина со војната во Ирак
Погледнете ги жртвите. Сѐ што знам се официјалните бројки... официјалните бројки на ОН се околу 8.000 цивилни жртви во Украина. Колку цивилни жртви имаше кога САД и Велика Британија го нападнаа Ирак?, вели Чомски во интервјуто за британски Њу Стејтсмен.
Русите се борат похумано во Украина отколку што тоа го правеа Американците во Ирак во 2003 година смета 94-годишниот Ноам Чомски. Во неодамнешното интервју за Њу Стејтсмен, познатиот лингвист, aктивист и интелектуалец изјави:
– Кога САД и Британија го распарчија Багдад, дали некој странски функционер отиде во Багдад? Не, затоа што кога САД и Британија започнуваат војна, тие уништуваат сè: комуникација, транспорт, енергија… сѐ што го движи општеството.
– Јасно е дека Русија може да го направи тоа, веројатно со конвенционално оружје. Тоа би можело да го направи Киев неодржлив град како Багдад, може да изврши напад врз системите за снабдување во западна Украина – додаде Чомски.
На прашањето дали со таа изјава имплицира дека Русија се бори похумано во Украина отколку што тоа го правеа САД во Ирак, Чомски беше категоричен:
– Не имплицирам, тоа е очигледно.
8.000 жртви према 210.000 во Ирак?
Чомски прави споредба и во бројката на жртвите.
– Погледнете ги жртвите. Сѐ што знам се официјалните бројки… официјалните бројки на ОН се околу 8.000 цивилни жртви во Украина. Колку цивилни жртви имаше кога САД и Велика Британија го нападнаа Ирак?
Магазинот Њу Стејтсмен потоа наведува дека според проектот „Iraq Body Count“, вкупниот број на цивилни жртви од инвазијата во 2003 година се проценува дека е меѓу 186.000 и 210.000, додавајќи дека реалната бројка е веројатно поголема.
Од друга страна, канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на ОН евидентирала 8.490 убиени и 14.244 ранети цивили во Украина од почетокот на руската инвазија пред 14 месеци.
Сепак, се верува дека реалните бројки во Украина се многу поголеми и сѐ уште нема точен број.
Baghdad, capital city of Iraq in early days of invasion Vs #Kiev #kyiv capital of #Ukraine … something is not right #fakewar it’s 2022 everyone has a camera what have we actually seen in regards to war and fighting ? #Zelensky is the ultimate crisis actor. pic.twitter.com/ZSf5ERoOfV
— Hard Truth (@HardTruth6) March 11, 2022
За американците војната е зделка за полнење на буџетот
Како аргумент плус, Чомски наведува дека Украина не е слободна во однос на своите одлуки во војната, додека САД на целата работа гледаат како на зделка со пари.
– Украина не е слободен агент, таа зависи од тоа што ќе одлучат САД – вели тој, додавајќи дека САД го снабдуваат Киев со оружје само за да ја ослабат Русија.
– За САД тоа е зделка. За дел од својот колосален воен буџет, САД се во состојба сериозно да ги деградираат воените сили на својот единствен вистински воен противник.
Чомски понатаму смета и дека вистинската причина за приклучувањето на Шведска и Финска кон НАТО е што воената индустрија на НАТО добива „големи нови пазарни можности и нов пристап кон напредна опрема“.
Едно е сигурно, Украина нема да биде членка на НАТО
На прашањето како може да изгледа мировниот договор, Чомски вели:
– Прво, Украина нема да биде членка на НАТО. Тоа е црвената линија на која инсистира секој руски функционер уште од Елцин и Горбачов.
Тој понатаму верува дека мировниот договор би вклучил и член Украина да понуди „одреден степен на автономија“ на источниот регион Донбас, кој е делумно окупиран од Русија.
– Што се однесува до Крим… го одложивме тоа за момент. Нека се разговара подоцна. Ова се основните контури на решението според договорот Минск II – додава Чомски.
САД ја провоцираа Кина исто како Русија
Чомски оди понатаму велејќи дека како што Вашингтон ја испровоцира Русија со проширување на НАТО, исто така „отворено ја провоцира Кина“ поради Тајван.
– САД спроведуваат програма… да ја опкружат Кина со прстен од држави вооружени со напредно, прецизно оружје насочено кон Кина – рече тој, мислејќи на американската одбранбена соработка со земји како Јапонија, Јужна Кореја и Австралија.
– Каква е заканата од Кина во моментов? Заканата доаѓа од САД, се разбира, и Британија. Британија во моментов е само слуга. Таа повеќе не е независна земја – додава познатиот интелектуалец.
Иако признава дека Кина не е „убава земја“ и дека го крши меѓународното право во Јужното Кинеско Море, Чомски смета дека „разговорите за Тајван доаѓаат од Запад“.