СЕМЕЈСТВАТА НА ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ ЌЕ ДОБИЈАТ ПО 10.000 ДЕНАРИ ПОМОШ Советот на Битола одлучи, СДСМ се буни

98

Семејствата на осудените за упадот во Собранието на 27 април 2017 година ќе добијат еднократна финансиска помош од 10.000 денари од Општина Битола, изгласаа советниците по иницијативата поднесена од ВМРО-ДПМНЕ.

Според иницијативата, финансиската помош им се додели бидејќи, според Советот, се неправедно осудени.






Одлуката на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Битола СДСМ ја оцени како злоупотреба на пари на граѓаните на општина Битола.

„Тоа е потврда дека во оваа партија предводена од Христијан Мицкоски ништо не е сменето, таму е истата насилничка и режимска матрица. ВМРО-ДПМНЕ заедно со Левица троши народни, општински пари за финансиски да поддржува лица осудени за терористичко загрозување на уставниот поредок, лица кои се обидоа да убиваат пратеници, новинари и вработени во Собранието“, соопшти СДСМ.

Поврзани содржини