И ЏАЧКА НИ КАЖУВА ГАЧКА ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ Така ќе ви се отвори патот на евроинтеграциите!
Важно е за сите политички чинители дека ова е момент кој не треба да се пропушти, отворена е можност да одиме побрзо по овој пат и овој процес и ако некој остане назад ќе остане назад во неповолноста за нивните граѓани затоа оваа работа не треба да се дозволи, ни порача денеска министерката за Европа и надворешни работи на Албанија, Ољта Џачка.
Уставните измени треба да се направат и сите политички чинители треба да бидат свесни дека тоа е патот до зачленување во Европската Унија, ни порача денеска министерката за Европа и надворешни работи на Албанија, Ољта Џачка.
– Мислам дека уставните измени треба да се направат и сите треба да бидат свесни дека преку едно такво дејство ќе се отвори патот на интеграциите, а што се однесува до нас. ние сме рамо до рамо и координирани во овој процес и многу е важно бидејќи ова е еден миг кој има нова динамика имајќи го предвид фактот дека ЕУ е посвесна за потребите за инвестиција во нашиот регион и посвесна за колку е поврзан целиот процес на проширување. Важно е за сите политички чинители дека ова е момент кој не треба да се пропушти, отворена е можност да одиме побрзо по овој пат и овој процес и ако некој остане назад ќе остане назад во неповолноста за нивните граѓани затоа оваа работа не треба да се дозволи – нагласи Џачка.
Таа рече дека поседува информации за спорадични случаи на обиди за асимилација на Македонците во Албанија од страна на Бугарија.
-Имам информации за некои спорадични случаи кои ги разгледуваме, во тесна координација сме со институциите на Северна Македонија за да видиме што се тие, кој се самоопределил или колку е голем овој процес, но според досегашните сознанија не е голем. Секоја информација која ќе ја имаме во реално време брзо ќе ја споделиме со колегите од Северна Македонија – рече Џачка.
Таа додаде дека Албанија никогаш не замижала пред официјална Софија.
– Спротивно на тоа сме биле доста гласни, Албанија била доста гласна дека една членка на ЕУ не може да блокира процес на евроинтеграција на Албанија и на Северна Македонија преку историски основи или политички калкулации. Тоа значи дека ова е процес на меритократија, ние ги исполнуваме сите наши обврски, ги извршуваме домашните задачи. Мигот каде што сме денеска е нешто што има геостратешко значење, особено поради војната на Русија во Украина, што предизвика освестување кај Европа дека и е потребен многу поактивен пристап кон земјите од Западен Балкан. И во однос на тоа што се случува денеска со дијалогот Косово-Србија, кој има потенцијал да ја нормализира оваа состојба, но и со другите елементи кои ги спомнавме, со стаусот на кандидат за членство на Босна и Херцеговина, се на се зголемена е свесноста дека процесот на проширување е тесно поврзан со безбедноста и сигурноста не само на регионот, туку и на самата ЕУ – изјави Џачка.
Албанската министерка нагласи и дека денешниот настан има големо геостратешко значење.
– Доколку сме одговорни и свесни ние кои сме дел од овој процес за задачите и обврските, кои треба да ги исполниме, тогаш одговорни и свесни треба да бидат и земјите-членки на ЕУ. Спречувањето на овој процес не им штети само на нашите држави, туку и на просперитетот, стабилноста и сигурноста на самата Европска Унија – оцени Џачка.