(ВИДЕО) МАКРОН ПРЕДОЦНА ГО СИМНА ЧАСОВНИКОТ 80.000 евра за накит и муабет за синдикатите

Се работи за часовникот Бел и Рос BRV192 на кој специјално е испечатен грбот на Претседателството на Република Франција.

2,417

Францускиот претседател Емануел Макрон го симна својот часовник вреден 80.000 евра сред гостување на телевизија во кое зборуваше за пензиските реформи за кои цела Франција е на нозе. Звук од тропањето на часовникот се слуша во видеото. Десет минути во интервјуто за дневникот на ТВ Франс Макрон го носеше часовникот, а потоа го симна во моментот кога зборуваше во врска со синдикатите, кои моментално жестоко протестираат.

 






Се работи за часовникот Бел и Рос BRV192 на кој специјално е испечатен грбот на Претседателството на Република Франција. Макрон го носел часовник на финалето на Светското фудбалско првенство во Катар, но и  за време на неговата државна посета на Вашингтон минатиот декември.

 

Поврзани содржини