СЕМЕЈСТВОТО НА ИСЧЕЗНАТИОТ САМОИЛ НУДИ ПАРИ ВО ЗАМЕНА ЗА ИНФОРМАЦИЈА Цели 20 дена нема ни трага ни глас од внукот на Љубе Бошкоски
Љупчо Костадиновски во емисијата „Скен“ вели дека нудат и парична награда за секаква информација во врска со исчезнувањето на неговиот син.
Таткото на исчезнатиот Самоил Костадиновски, инаку внук на Љубе Бошкоски, за кого веќе 20-тина дена нема информација каде се наоѓа, нуди парична награда за негово пронаоѓање.
Љупчо Костадиновски во емисијата „Скен“ вели дека нудат и парична награда за секаква информација во врска со исчезнувањето на неговиот син.
– Молк од сите страни, а него сѐ уште го нема. Не изгубив точак, изгубив дете и сѐ што барам е информација за тоа што се случило и каде е мојот син. Парична награда ќе следува за секој оној што ќе ни даде каква било детална информација во врска со Самоил – вели тој.
Љупчо е брат на Виолета, сопругата на Љубе Бошкоски.
Полицијата уапси две лица во врска со грабнувањето.