ИНФЛАЦИЈА ПОД 7,1 ОТСТО ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА Бектеши очекува по летото цените да паѓаат побрзо од очекуваното
Ваквите очекувања министерот, како што изјави на денешната прес-конференција имаат основа во веќе забележаниот надолен тренд на инфацијата кој се очекува да продолжи и во наредните месеци.
Инфлација под 7,1 отсто или пониска од планираната во буџетот за годинава очекува до крајот на годината министерот за економија Крешник Бектеши.
Ваквите очекувања министерот, како што изјави на денешната прес-конференција, имаат основа во веќе забележаниот надолен тренд на инфацијата кој се очекува да продолжи и во наредните месеци.
– Последните три месеци се намалува инфлацијата. Убеден сум дека ќе ја намалиме на 7,1 отсто, а ако трендот на намалување прдолжи и во наредните месеци, по летото, мислам дека можеме да одиме и под 7,1 отсто. Претходните години инфлацијата во земјава се движеше од 0 до 2 отсто, но влеговме во енергетска криза, а ние сме увозно зависна земја од суровини репроматеријали што дополнително ја надува инфлацијата во земјава. Последните недели цената на струјата на берзите се движи околу 140 евра за мегават час, а кај нас е дури и пониска поради зголеменото домашно производство. Цените пак на суровините се намалија од 20 до 20 отсто, а цената на дизелот се доближи до 74 денари како што беше претходно, така што реално е да се очекува стабилизација на инфлацијата – рече Бектеши.
Бектеши очекува во ова да придонесат повисоката минимлана плата, повисоките пензиии, но и пониските цени на струјата и горивата.