Ѝ ВГРАДИЈА БАЈПАС Весна Змијанац имаше операција на срце

254

Српската пејачка Весна Змијанац денеска оперирана во Клиничкиот центар во Белградна Србија и се поминало во најдобар ред, па закрепнува, а за неколку дена се планира да го напушти кардиолошкиот оддел.

Пејачката сфатила дека состојбата е алармантна и дека повеќе не смее да си игра со своето здравје, па решила да ги послуша лекарите кои ја подложиле на бајпас, објави српски Блиц.рс.






– Докторите на Весна на крајот на минатата недела се обидоа да направат пократка и побезопасна интервенција, но таа не го даде посакуваниот резултат –  изјави деновиве близок пријател на пејачката на народни песни.

Весна била под постојан надзор на лекари и стручни лица, но поради поврзани болести со тироидната жлезда, која ја лекувала 15 години, а не сакала да ја оперира, висок крвен притисок, аритмии кои ја мачеле во претходниот период, стручниот тим и закажал операција дури кога видел дека е подготвена за таква процедура.

По операцијата, Весна Змијанац, која има 66 години, ќе паузира од музичката сцена.

Поврзани содржини