КИНА НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД ОБЕДИНУВАЊЕ СО ТАЈВАН Армијата треба да се подготви за воени операции

284

На годишната седница на парламентот, премиерот на Кина, Ли Кечијанг кажа дека Пекинг се уште се залага за мирно обединување на Кина со Тајван и затоа треба да се продолжи кон развивање на односите со што би се забрзал процесот на обединување.

– Треба да се залагаме за мирен развој на односите преку Тајванскиот теснец и да го забрзаме процесот на мирно обединување на Кина – рече Ли.






На седницата се разговараше и за војската на Кина, за кои премиерот посочи дека треба да се посвети поголемо внимание во обуката и да се зголеми борбената готовност, па буџетот за одбраната ќе се зголеми за  7,2 отсто за разлика од минатата година.

– Нашите вооружени сили, фокусирани на одбележувањето на стогодишнината од Народноослободителната армија во 2027 година, треба да се подготват за воени операции и да ја зајакнат борбената готовност  – рече Ли.

Кина ја има најголемата војска во светот и нејзиниот развој и стратешките намери на Пекинг се причина за загриженост во регионот и во Вашингтон. Пекинг редовно тврди дека издвојува релативно низок процент од БДП за армијата и одбраната и дека критичарите сакаат да ја прогласат Кина за закана за светскиот мир.

Поврзани содржини