ВИСТИНСКИОТ ПОСТ ЗНАЧИ ДА БЕГАШ ОД ЗЛОТО Свештената бигорска Обител упати порака до верниците

Во Бигорскиот манастир, изминатите денови, посебно вчера, на Прочка, присуствуваа околу две илјади верници од сите делови на државата.

300

По повод денешниот, прв ден на велигденските пости, познат како чист понеделник, од одржаната богослужба Свештената бигорска Обител упати порака до верниците.

„Да постиме со пост пријатен, благоугоден на Господа, а вистински пост е: бегање од злото, воздржување на јазикот, отфрлање на гневот, на похотите, озборувањето, лагата, прекршување на дадено ветување. Ако овие нешта ги оставите, постот е вистински и благопријатен“, гласи пораката од Свештената бигорска Обител.
Велат дека ова е времето за покајание, ова е денот спасителен, почетокот на постот „биди будна, душо, вратите на страстите затвори ги, и сврти се кон Господа”.

Во ова древно македонско светилиште, изминатите денови, посебно вчера, на Прочка, присуствуваа околу две илјади верници од сите делови на државата.






На умилителна вечерна на простувањето владиката Партениј, игумен на манастирот барајќи прошка меѓу другото рече дека пред нас е најблагословениот период, духовната пролет на Црквата, Светата Четириесетница.
– Простете ми за сè што сум згрешил со збор, дело и помисла и нека ни е убав и благословен Чесниот Пост, та да си ја дочекаме сите заедно Светата Пасха во радост и во духовно веселие – рече г.Партениј.
Тој посака Господ да ни даде сили овој пост да го поминеме во благословеното воздржание и таа „благословена самодисциплина да научиме да ја применуваме до крајот, така што и ние да се спасуваме, а да дадеме и на други пример за спасение”.
Поврзани содржини