МНР ДЕМАНТИРА ДЕКА АМБАСАДОРОТ СЕ ЛУКСУЗИРА Киријата не е 6.000 долари, резиденцијата во амбасадата не е слободна
Амбасадорот во Вашингтон живее во стан за кој се плаќа 3.700 долари, што е дозволен лимит за пониските ешалони на вработени во амбасадата и соодветно на цените на наемнините во главниот град на САД – објаснува МНР.
Министерството за надворешни работи целосно ги демантира податоците изнесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ, а се однесуваат за трошоците на амбасадата во САД.
„Наведената сума од 6 илјади долари за изнајмување на Вила за живеење во Вашингтон е целосна неточна. Амбасадорот во Вашингтон живее во стан за кој се плаќа 3.700 долари, што е дозволен лимит за пониските ешалони на вработени во амбасадата и соодветно на цените на наемнините во главниот град на САД, воопшто не претставува предмет на луксузирање.
Во делот за живеење во амбасадата на земјава во САД, кој се спомнува во објавата, сѐ уште живее досегашната вршителка на работите во амбасадата, која и по доаѓањето на Амбасадорот Попов продолжува со своите работни активности во амбасадата како дел од дипломатскиот персонал“ – се вели во соопштението на МНР.
СИ ИЗНАЈМИЛ ВИЛА ЗА 6.000 ДОЛАРИ МЕСЕЧНО! Обвинувања дека амбасадорот во Вашингтон се луксузира